Во Palais Galliera вчеравечер Фондацијата на француското издание на Vogue одржа гала вечер. Ова е втора година како се одржува, а има за цел да го зголеми фондот за придобивка на нови парчиња и да го поддржи и промовира современиот дизајн.
Како и повеќето настани што се одржуваат за време на актуелната модна недела за Висока мода, и овој го носи епитетот гламурозен. Бројни гости од модниот свет дојдоа да ја поддржат идејата на Фондацијата.
Исто така, тоа беше и доказ дека моделите не мируваат. Помеѓу ревиите и подготовките, добар дел од нив одвои време да се појави и вчера и со беспрекорниот изглед да ја разубават манифестацијата.
Џоан Смолс и Наоми Кембелсе одлучија за црни креации со транспаретни детали, што се покажа како водечки тренд меѓу познатите, секако во комбинација со високи потпетици.
Наоми Кембел во Барбери
Но, тие не се единствените што привлекоа внимание. Кој се' присуствуваше погледнете во продолжение: