Во четвртокот брендот за луксузнен накит и модни додатоци организираше гала вечер во Рим, на која се појавија бројни познати личности од модниот свет.
Сепак, меѓу оние што се издвоија беше 21-годишниот модел, Бела Хадид, која буквално блесна во златна креација на модниот бренд „Версаче“. Со транспарентни сандали и пуштена коса, Хадид го смири изгледот и фокусот остана само на провокативниот фустан во кој нема шанси да не биде забележана.
Од друга страна, Лили Алдриџ го сврте вниманието кон себе во совршен бел минималистички долг фустан од Брендон Максвел, од најновата пролет-лето колекција. Со залижана коса наназад и луксузниот накит (кој го красеше телото речиси на сите гостинки вечерта), Лили имаше беспрекорно модно издание.
Бела беше и бојата која ја одбра Кити Спенсер. Нејзината креација со карнери, која е одлична инспирација за стајлинг на летна свеченост, е на модното дуо Долче и Габана.
Ева Грин пак, блесна во плишан смарагдно зелен фустан. Со долги ракави, ролка, набори во делот на колковите и шлиц од левата страна, Грин ја примени проверената формула за „затворен“ сексапил, а сето тоа надополнето со луксузен смарагден ѓердан од брендот.
Како изгледаа останатите гости погледнете во продолжение: