Гламурозните дестинации на кои летуваат познатите

20 јули 2018

Ако сè уште не сте биле на годишен одмор, денеска ќе ви посочиме каде летуваат познатите, доколку ви требаше малку инспирација.

Некои од најпознатите холивудски личности и оваа година ги обожаваат летните дестинации блиску до нас, па така Бекамови уживаат во Црна Гора, Роналдо во Грција, познатите блогерки во Хрватска...

Некои пак, се одлучија за егзотичните и секогаш романтични Шпанија и Италија, кои нудат неверојатни убавини за уживање во летниот период.

Една од најпознатите светски пејачки, Рита Ора одмара со нејзините пријатели во прекрасната Барселона каде се очекува да настапи на тамошниот фестивал SHARE.

Актерката Гвинет Палтроу ужива во идиличните пејсажи на Капри заедно со нејзиниот вереник Бред Фалчук, додека секогаш прекрасната Маргот Роби со својот сопруг Том Екерли ги истражува убавините на Коста Рика.

Кејт Хадсон ова лето е на прошетка низ цела Европа додека се во исчекување на бебето со нејзиниот вереник, а на Инстаграм профилот можемвме да видиме неколку фотографии од вкусни јадења во Грција и Тоскана.

Младата Дакота Џонсон се одлучи за поегзотично место за одмор – Бермуда, додека една од најмоќните двојки на светот, Бијонсе и Џеј Зи, одлучија да го истражат Кан за време на нивната европска турнеја.

Во галеријата погледнете некои од нивните највпечатливи фотографии објавени досега на социјалните мрежи.

Објавено:
20 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
550 пати