Голди Хоун: Мило ми е што не се омажив за Курт Расел!

17 октомври 2016

Прекрасната 70 – годишна актерка во нејзината нова книга вели дека е среќна што никогаш не се омажила за нејзиниот 33 годишен партнер, актерот Курт Расел.

Доколку сте во долга врска и живеете заедно со партнерот, тогаш ќе ви се допадне одговорот на оваа прекрасна дама на прашањето зошто никогаш не стапила во брак со Расел.

„Ако се омажев со него, досега сигурно ќе бев разведена. Бракот е интересна психолошка работа. Ако сакаш да почувствуваш длабока врска со некого, тогаш е важно да си во брак“, изјави таа на промоцијата на книгата.

Таа додава и дека психологијата на бракот е поврзана со слободата која повеќе ја чувствувате доколку само сте во врска со некого и можете секогаш да донесувате самостојни одлуки на овој или оној начин.

„Јас одбрав да останам, и Курт го направи истото и на двајцата ни се допадна тој избор“, додаде 70 – годишната актерка.

На прашањето што таа мисли колку една жена треба да поминува време со нејзиниот партнер, таа вели:

„На почетокот, сакаш да бидеш со него цело време, па си љубоморна кога го нема долго време. Во долга, здрава врска, би било супер да бидете заедно 68 проценти од времето“, додава таа.

Мајката на три деца која досега два пати била во брак, исто така го побива тврдењето дека бракот ја зацврстува врската.

„Што ќе направи бракот? Што ќе ви вети? Не секоја врска функционира и тоа е вистината, без разлика дали си јавна личност или пак сосема обичен човек“, посочува актерката.

Од 33 годишната врска со актерот Курт Расел, Голди го има синот Вајат, додека од претходниот сопруг Бил Хадсон, има две деца – познатата актерка Кејт Хадсон и синот Оливер. 

Објавено:
17 октомври 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.220 пати