GQ награди 2014: Дамите бираа, а џентлмените уживаа

3 септември 2014

По 17-ти пат, вчера вечер, Лондон беше обвиткан во ѕвездената прашина по повод доделувањето на наградите кои ги организира списанието GQ за „Man of the Year“ 2014 година. Неповторлива можност на едно место уште една година повторно да ги видиме собрани, насмеани и гламурозни претставниците на модната индустрија, културата, филмот, музиката и спортот.

Канје Вест и Ким Кардишајан во креација на Ралф Русо и чевли на Том Форд во друштво на Луис Хамилтон и неговата девојка Никол Шерцингер која носи креација на Ермано Шервино Канје Вест и Ким Кардишајан во креација на Ралф Русо и чевли на Том Форд во друштво на Луис Хамилтон и неговата девојка Никол Шерцингер која носи креација на Ермано Шервино

 

Кара Делевињ, Рита Ора и Џордан Дан Кара Делевињ, Рита Ора и Џордан Дан

Свечената церемонија како и во претходните години се одржа во Театарот Ројал на Ковент Гарден. На вечерата по повод гламурозниот настан се собраа познати писатели, актери, политичари, новинари, бизнисмени... Гостите имаа еден час за да ги прошетаат своите елегантни тоалети на црвениот килим и да позираат пред светечките фотобјективи, камери и парарацо фотографи, а потоа ноншалантно се упатија кон зградата, дел за да си ги земат своите статуетки, а дел да уживаат во прекрасниот амбиент и забавата.

Џејми Дорнан со сопругата Амелија Варнер Џејми Дорнан со сопругата Амелија Варнер

Победниците во различни категории според британскиот магазин GQ се: Хуго Бос награда за најстилски маж на годината - Даглас Бут. Сексапилниот модел Џордан Дан на Луис Хамилтон му ја додели наградата за спортист на годината, а додека наградата за актер на годината отиде во рацете на Бенедикт Камбербач. Наградата за претприемач на годината ја зема Андре Балаш, а наградата за посебни достигнувања отиде кај Паоло Нутини. Откритие на годината како што и се очекуваше е неодоливиот актер и модел Џејми Дорнан, а за легенда на годината е прогласен Вен Морисон. Најдобар соло артист е Фарел Вилијамс, а Маж на годината е актерот Колин Фирт. Најголем хуманист на годината според списанието е  Ринго Стар, а наградата која беше проследена со големи аплаузи и овации дефинитивно беше онаа за Жена на годината која и беше доделена на старлетата Ким Кардашијан.

На задоволство на сите на сцената се појави и миленикот на милион жени низ светот Џони Деп кој ја имаше честа на Иги Поп да му ја додели наградата за Машка икона на годината. Наградата за комичар на годината отиде во рацете на Џон Бишоп, а Наградата избор од уредникот отиде кај легендарниот Лиам Нисон. Готвач на годината е Том Кериџ, а додека за Дизајнер на годината е прогласен Кристофер Бејли. Наградата за маж со интернационална кариера му беше доделена на Џона Хил, а Наградата за писател на годината отиде кај Мајкл Луис. За филантроп на годината е прогласен Тони Блер, а Наградата за најдобар дизајнер дебитант отиде во рацете на дуото Аги и Сем (Agi and Sam). ТВ лице на годината е Питер Капалди, а Пипа Мидлтон сестрата на Војводката од Кембриџ, наградата за Иноватор на годината му ја додели на Еван Вентерс. И за крај Наградата за Креативец на годината ја зема New Order.

 

 

Објавено:
3 септември 2014
Категорија: 
Сцена