Групата „Ју Ту“ донираше 10 милиони долари за здравствените работници во Ирска

10 април 2020

Познатата ирска група „Ју Ту“ донираше 10 милиони долари за помош во борбата против вирусот Ковид -19. Како пренесуваат тамошните медиуми, средствата ќе бидат искористени за поддршка на здравствените работници, како и за обезбедување соодветна заштитна опрема.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Oscar(@33oscarlp) onApr 10, 2020 at 6:30am PDT

Дел од опремата која ја финансира групата, на нивно барање, според јавувањата на ирската телевизија „Ер-Ти-И“, пристигнала неодамна на аеродромот во Даблин и веќе се користи.

На оваа великодушна донација од музичарите се огласи и ирскиот премиер, Лео Варадкар.

„Иако владата нарача опрема во количество кое во нормални услови би била доволна резерва за наредните 13 години, секоја помош од приватниот сектор и јавноста е добредојдена“, напиша тој на неговиот Твитер профил. 

Ова не е првпат групата да биде дел од социјални активности, а нивниот гест секако е за секоја пофалба и поздрав.

Инаку, во Ирска досега бори преку 6.000 случаи позитивни на вирусот, а повеќе од 200 се починати.

Објавено:
10 април 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
516 пати