Гучи брилјираше во Москва

14 ноември 2014

На модната мапа на руската престолнина од вчера се појавија два нови термини, станува збор за двете нови продавници што италијанскиот бренд Гучи ги отвори токму во Москва. Првиот бутик своето гламурозно отворање го доживеа напладне во најпозната стоковна куќа GUM. Втората продавница и официјално ги отвори вратите за сите обожаватели и клиенти неколку часа подоцна на најпознатата улица Петровка, каде се лоцирани продавниците на најпознатите и најелитните светски брендови и модни куќи. На двете прослави се појави и креативната директорка на куќата Фрида Џанини која носеше црн комплет на панталони и кошула во комбинација од кадифе и кожа. А нешто подоцна на вечерата од затворен тип на која присуствуваа одбрани познати личности, Џанини буквално блесна во ориентална креација во силна црвена и портокалова боја украсена со светкав дезен на цветови и птици.

Патрицио ди Марко, Фрида Џанини и Михаел Куснирович Патрицио ди Марко, Фрида Џанини и Михаел Куснирович

Москва, во изминативе години стана метропола која успешно ги имплементираше најпознатите модни брендови во срцето на градот и создаде платформа каде модата живее и пулсира во ритамот на модните трендови и тенденции.

Фрида Џанини и Мирослава Дума Фрида Џанини и Мирослава Дума

Неодамна , Москва стана домаќин и на новиот бутик на Версаче, а од вчера и на две продавници на Гучи. За разлика од Донатела Версаче која многупати до сега ја посетила руската престолнина, истото не важи и за креативната директорка на брендот Гучи. Имено, Џанини прв пат доаѓа во Москва и тоа за да ја пресече лентата на новите продавници.

Комплетниот дизајн на продавниците, како и ентериерот и внимателно одбраниот мебел се идеја на самата Џанини, чија главна цел е беспрекорниот изглед и оригиналниот декор.

Покрај спектакуларните забави по повод отворањето на двете продавници, беше организирана и изложба со која присутните можеа да се запознаат со самиот бренд и да бидат сведоци на огромниот успех што куќата го постигна за сите овие години колку што постои.

По завршувањето на коктел забавите, одговорните на брендот организираа вечера, од затворен карактер на која присуствуваа само одбрани гости. Гостите имаа ексклузивна можност да уживаат во исклучителното италијанско мени и музичкиот настап на Џон Леџенд. Во продолжение на фотографиите погледнете ја атмосферата од отворањето на двете продавници, но и од екслузивната вечера на крајот од денот:

преземено од buro247.ru
Објавено:
14 ноември 2014
Категорија: 
Сцена