Гвен Стефани во новиот спот прави модна ретроспектива на својот стил

7 јануари 2021

Познатата пејачка Гвен Стефани, новата година ја започна со промоција на нова песна насловена како „Let Me Reintroduce Myself“, а за истата има и интересно видео.

Во склад со називот на песната, Гвен во видеото се појавува во некои од нејзините највпечатливи модни моменти во текот на кариерата, а и приватниот живот. Интересно е да се види оваа модна ретроспектива - Гвен Стефани некогаш и сега, со сината коса и шминка од „Ем-Ти-Ви“ видео наградите од 1998 година, или пак во облеката од спотот „Hollaback Girl“.

Во триминутното видео, се појавува и во стајлингот од видеата за „Don't speak“, „Just a Girl“, „What You Waiting For..“, како и во облеката што ја носеше кога се вери со Блејк Шелтон...

Погледнете:

 1998 MTV VIDEO MUSIC AWARDS

 

„Don't Speak“

 

„Just a Girl“

 

„Rich Girl“

 

"EX-GIRLFRIEND" 

 

„Let Me Blow Your Mind“

 

"WHAT YOU WAITING FOR?"

 

Објавата за свршувачката со Блејк Шелтон

 

 

Објавено:
7 јануари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
333 пати