Гвинет Палтроу го стави на ауцкија оскаровскиот фустан од „Калвин Клајн“ - обожавателите со поделени мислења

20 април 2020

По предизвикот од Леонардо Дикаприо, Гвинет Платроу одлучи да се приклучи и да организира аукција. Предметот за кој ќе се лицитира е фустанот со потпис од „Калвин Клајн“ со кој се појави на црвениот килим на „Оскарите“ пред 20 години.

Се работи за фустан на прерамки, кој има два слоја, од кој горниот е мрежа со впечатлив сјај, модел кој одлично би се вклопил и во денешните модни трендови.

Како потенцираше актерката на својот Инстаграм профил, сите средства ќе бидат донирани во насока на истражувања поврзани со Ковид -19 и пронаоѓањето лек, како и за поддршка за обезбедување храна преку неколку организации. Воедно, таа лично ќе го предаде фустанот на тој што ќе ја има највисоката понуда и ќе го покани на чај или чаша вино.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow) onApr 17, 2020 at 2:52pm PDT

 И додека дел од обожавателите го одобрија овој нејзин гест, воодушевувајќи се на изборот на фустанот и упатувајќи ѝ пофални зборови што одбрала креација која реално може и сега да се носи, сметајќи го сето тоа како „Совршена идеја“, други не беа воопшто воодушевени од нејзиниот начин на донација.

А во прилог на тоа оди и нејзината изјава од пред неколку години, дека тој фустан воопшто не бил добар избор за „Оскар“ иако во нејзината инстаграм објава вели дека за неа има голема емотивна вредност.

„Едноставно донирај, не нуди фустан кој веќе не можеш да го облечеш“, „Милионерка си, зошто воопшто потреба од аукција на фустан кој веројатно и си го добила на подарок“, „На сите тие пари, ти ќе го дадеш фустанот на тој што највисоко ќе лицитира и да те запознае? Лош начин на донација“, „Попрво би сакал да го запознам Калвин Клајн, отколку тебе. Нарцисоиден начин на помагање“, „Подаруваш фустан за кој претходно изјави дека не ти се допаѓа“, се само дел од коментарите.

 

 

Објавено:
20 април 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
307 пати
Тагови: 
Гвинет Платроу