Гвинет Палтроу ја стартуваше божиќната еуфорија за Прада

9 ноември 2013

Нетрпеливоста се исплатеше, чекањето е завршено. Божиќните излози и декорациите за ентериер кои Прада ги дизајнираше за новогодишната еуфорија која само што не започнала, ги претстави во Принтемс во Париз.

И за да му се даде уште поголема важност на целиот настан, дамата која официјално ја отвори украсената продавница е холивудската оскаровка, една од најдобрите актерки на денешницата, Гвинет Палтроу. Специјално за ова појавување, актерката носеше креација, чевли и додатоци, токму од модната куќа Прада.

 

 

 

Објавено:
9 ноември 2013
Категорија: 
Сцена