Хајди Клум бремена по петти пат
•
25 ноември 2013
Германската манекенка Хајди Клум го очекува своето прво дете со телохранителот Мартин Кристен, со кого е во врска од 2012 година. На 40 годишната манекенка ова ќе и биде петто дете. Од врската со италијанскиот бизнисмен Флавио Бриаторе, таа ја има ќерката Лени, а со поранешниот сопруг, пејачот Сил, таа ги има синовите Хенри и Џон и ќерката Лоу.
Веста за бременоста ја открива нејзиниот личен тренер Дејвид Кирш, додека портпаролот на Клум се уште не коментира околу блажената состојба на својата клиентка.