Хајди Клум открива дека е опсесивна кон чевли

12 април 2014

Поранешната манекенка, Германката Хајди Клум открива дека чевлите се нејзината најголема слабост, а со оглед на тоа колку чифта поседува, таа искрено се надева дека нејзините ќерки кога ќе пораснат ќе можат да ги носат. 40 годишната Клум признава дека опсесивно купува и собира обувки и дека во својот гардеробер чува повеќе од 2000 чифта.

-Бидејќи сум во модната индустрија повеќе од 20 години, собрав толку многу парчиња облека, обувки и чанти така што незнам што да правам со нив. Но, се е убаво средено и сортирано и чека на моите ќерки, изјавува Хајди и додава дека тоа е огромно богатство на кое се чувствува и горда. Едно е сигурно дека многу жени ширум светот и се љубоморни по овој исповед.

 

Објавено:
12 април 2014
Категорија: 
Сцена