Хајди Клум продава дел од својата облека во добротворни цели

16 ноември 2013

Познатиот германски модел Хајди Клум се придружи кон хуманитарниот проект „Fashion Project“, донирајќи неколку свои парчиња облека.

Приходите од продажбата, манекенката се одлучи да ги подари на организацијата АМФАР за борба против сидата.

Прекрасната Хајди донираше неколку од своите модели, што ги носеше во текот на Њујоршката модна недела.

Фановите на шармантната манекенка можат да купат навистина квалитетни дизајнерски парчиња по цена од 599 долари и нешто помалку од тоа.

Ваквиот хуманитарен проект што го започнаа двајца другари од Харвард, на сите заинтересирани луѓе им даваат можност да продадат дел од своите работи преку Интернет и да изберат на која организација ќе ги подарат средствата.

Од друга страна пак, на купувачите им пружа неверојатна прилика да купат одлични дизајнерски парчиња за многу малку пари.

Објавено:
16 ноември 2013
Категорија: 
Сцена