Хајди Клум во бел фустан од тантела на забава пред венчавката

3 август 2019

Познатата манекенка Хајди Клум деновиве престојува на Капри со нејзиниот сопруг, 29 годишниот рокер Том Каулиц со кого се очекува да се венча на втората свадбена церемонија, откако во февруари го кажаа судбоносното „да“ во Беверли Хилс.

Двојката беше фотографирана на брод во Капри со нивните семејства на забава пред летната свадба за која немаат соопштено официјален датум, иако се очекува истата да се случи викендов.

Прекрасната 46 годишна манекенка за пригодата одбра бел фустан од тантела со длабок шлиц и нежен накит, додека нејзиниот сопруг изгледаше неверојатно елегантно во стилска комбинација составена од шик парчиња.

Двајцата изгледаа супер расположени и ведри додека ги пречекуваа гостите со кои ќе заминат на крстарење низ неколку места во Италија, иако централната венчавка се очекува да се случи во Капри.

Според британските медиуми, венчавката би требало да се одржи на една од најлускузните јахти во светот наречена Кристина О, со која заедно со гостите повторно ќе заминат на обиколка на Италија.

Инаку, веста за свршувачката со 16 години помладиот рокер таа ја објави во декември со фотографија на нејзиниот Инстаграм профил на која го покажа прекрасниот дијамантски прстен со кој Том ја побарал за жена.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
3 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.382 пати