Харпер Бекам станува вистинска убавица

30 јули 2020

Откако Бруклин Бекам сподели со јавноста дека ја побара за жена својата избраничка, актерката и модел Никола Пелц, јавноста уште повеќе ги насочи очите кон познатото семејство.

Така, неодамна идните младенци беа „фатени“ од фотографите како излегуваат од бутикот на Викторија Бекам  во Лондон, а друштво им прави малата Харпер.

Всушност, таа и го украде сето внимание, бидејќи најмалиот член на семејството Бекам ретко се појавува.

Деветгодишната Харпер, облечена во бело фустанче со карнери и бела долга тексас јакна, со долга пуштена брановидна коса, изгледа како мала самовила.

Многумина коментираат дека малата станува вистинска убавица и се' повеќе личи на мајка си.

Освен Ромео Бекам, кој очигледно повеќе ги наследил гените на Дејвид, Бруклин, а особено Круз неодоливо потсетуваат на Викторија, а сега многумина сличност наоѓаат и кај малата Харпер.

Објавено:
30 јули 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.860 пати
Тагови: 
Харпер Бекам