Британското издание на магазинот Harper’s Bazaar, секоја година организира вечера во чест на доделувањето на наградите за „Жена на годината“. Годинешниве се одржаа вчеравечер во Лондон, во хотелот Claridge's.

Ова беше одличен повод на едно место да се видат голем број, пред сè, британски ѕвезди, што ветува и интересни модни комбинации.

Сиена Милер

Со својата појава и фустан од Валентино, Сиена Милер, инаку најдобрата британска актерка според Harper’s Bazaar, беше една од највпечатливите вечерта. Исто така, Лара Стоун, која ја доби наградата за најдобар модел, привлече внимание со комбинезонот на Живанши, а ништо помалку впечатлива не беше ниту Карен Елсон која носеше креација на модната куќа Клое.

Карен Елсон

-Годишните награди на Hraper’s Bazaar за „Жена на годината“ ја слават креативноста и талентот на жената во областа на модата, уметноста и филантропијата. Секој од овие победници имаат уникатен талент, инспиративни се и интелигентни и чест ни е што можевме да ги наградиме – изјави уредничката Џастин Пикарди.

Џастин Пикарди со Сиена Милер

Наградата за дизајнер во подем ѝ припадна на Мери Катранзу, за најдобар музичар е избрана Ели Голдинг. Хана Ротшилд ја доби наградата за придонес во уметноста. Лили Џејмс ја доби наградат во категоријата актерка во подем. Во областа на филантропијата беше наградена Карен Елсон, а за телевизиска икона е прогласена Мишел Докери. Рут Вилсон според престижниот магазин го имала највпечатливиот перформанс во 2015 година, додека за британска икона е прогласена Кејт Винслет.

Кејт Винслет

Меѓу наградените се и дизајнерката Клара Вејт Келер, како и Ердем Моралиоглу, кој е прогласен за маж на годината. И Никол Кидман се закити со награда и тоа за театарска икона.

Објавено:
4 ноември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.610 пати