Хелен Мирен секогаш била прецизна во своите изјави, секогаш докрај точна.
Таа е обожувана и почитувана од целата холивудска фела. На последниот говор на ELLE наградите, Мирен одржа остар, мудар говор како еден вид заблагодарување за почеста и наградата која ја прими од страна на магазинот заедно со Кристен Стјуарт, Лупита Нјонго, Ејми Адамс и уште неколку други прекрасни жени.
„Ме направивте многу горда што ме избравте вечерва и имам намера да бидам најлоша од најлошите жени што некогаш се појавиле“, алудирајќи на изборите во Америка.
Нејзината листа на шест најдобри совети за сите жени се следни:
-Никогаш немој да пиеш алкохол (освен ако нешто не славиш или си вознемирена од некој).
-Немој да брзаш со мажење, дај му на твојот партнер слобода да ги постигне целите кои ги зацртал.
-Секогаш рапредели ги паметно асовите кога си на коцкарска маса, особено кога играш блек џек.
-Поврзувај се на дневно ниво со пријателите, но без да се вклучуваш на социјалните мрежи.
-Игнорирај ги оние кои судат како ти изгледаш, особено ова важи за оние кои коментираат од анонимни профили и кои се бескрајно мизерни и на тој начин бараат внимание на интернет, а всушност се мали диносауруси.
-Тајната на нејзиниот успех е во тоа што таа секогаш знае да стави точка на работи кои не може да ги поднесе.
Хелен Мирен е една и единствена!