Хелена Кристенсен (50) изгледа совршено во костим за капење!

16 август 2019

Се чини дека Хелена Кристенсен не старее... Педесетгодишната манекенка повторно облече бикини за новиот едиторијал за Харперс Базар и повеќе од очигледно е дека изгледа фантастично.

Таа беше една од најпопуларните манекенки во 90 – тите, а очигледно и денеска го има задржано неверојатното тело на кое секој може да ѝ позавиди.

Едиторијалот е снимен во прекрасна природа и селска куќа, а на дел од фотографиите можеме да ја видиме Хелена во едноделен костим за капење, додека на другата носи син светкав фустан, џемпер и долен дел од костим за капење.

Манекенката беше една од најпознатите во 90 – тите и дефинитивно една од најангажираните, а се чини дека и денеска има ангажмани, независно од годините. Инаку, таа е мајка на 19 годишниот Мингус Ридус кој го има со актерот Норман Ридус.

По стапките на неговата мајка и Мингус неодамна го имаше неговото манекенско деби за ревија на Калвин Клајн и помина одлично.

Денеска, манекенката нема партнер, иако е во добри односи со актерот и татко на нејзиниот син, вели дека мажите сметаат дека е убава, но не и фина.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Helena (@helenachristensen) onJun 5, 2018 at 8:40am PDT

„Да ви кажам како оди тоа, излегуваме, мажите мислат дека сум интересна и на крајот решаваат дека не сум фина. Потоа ќе ја видат мојата кул, слатка пријателка. Таа може да го добие секој што ќе посака. Јас сум добра само во поврзување на луѓето, не можам да усреќам некој на подолго време“, вели манекенката во едно интервју.

Инфо и фото: Daily Mail, Harper's Bazaar

Објавено:
16 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
789 пати