Хју Грант: Престар и предебел сум за да снимам комедии!

8 јуни 2019

Името на Хју Грант секогаш се поврзува за бројните романтични комедии што ги сними во текот на кариерата, а кои доживеаја неверојатен успех.

Речиси сите негови филмови се вистински хит дури и денес, но денеска, на 59 години, тој смета дека повеќе не е вистинскиот избор за ваков тип филмови.

vip.de

„Денеска сум престар и предебел за да снимам такви филмови, па правам други работи и помалку се мразам себеси“, се пошегува актерот во интервју за Холивуд Репортер.

Но, и покрај тоа, тој се сеќава на неверојатните заработки што му ги донеле романтичните комедии од кои ќе каже дека никогаш нема да се пожали.

„Ми плаќаа навистина неверојатни хонорари и бев вистински среќник. Сите комедии што ги снимавме им се допаѓаа на луѓето, а на крајот тоа е и нашата работа, да ги забавуваме луѓето“, изјави популарниот актер во интервјуто.

На прашањето дали жали за нешто во неговата кариера, тој вели дека единствено му е жал што не снимил повеќе филмови од други жанрови, но никогаш не е доцна.

Инфо: Tportal.hr

Фото: Hollyeood reporter, 

Објавено:
8 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
754 пати