Холивуд ја бојкотира Џоли поради Пит?!

22 јануари 2020

Вестите околу средбата на Џенифер Анистон и Бред Пит на САГ наградите не стивнуваат. Се разбудија двата табора - „Џен+Бред„ и „Бранџелина“. 

Сега уште повеќе се коментира околу наводните реакции на Џоли, која сè уште води борба со Пит околу старателството над децата. Инаку, за потсетување, поради наводното насилничко однесување на актерот кон Медокс, Анџелина не му дозволува да се гледа со посвоените деца, туку само со родените.

Така, последниот католички Божиќ, Бит го помина со Шајло, Нокс и Вивијен, додека Медокс, Пакс и Захара славеа со мајка им.

Јавноста генерално има впечаток дека во оваа напната приказна, Анџелина е лошиот лик.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Thefilmagic (@thefilmagic) onJan 20, 2020 at 1:38pm PST

 Како пишува „Нешнал Енквирер“, Џоли деновиве е бесна, но не само поради тоа што Бред ја „исмеал, а на Анистон ѝ се смешкал“, туку и поради тоа што воопшто не е поканета на ниту една од престижните манифестации сезонава.

Организаторите на важните настани во Холивуд, почнувајќи од „Златните глобуси“, па натаму, ја исклучиле од листата на гости, а причината е токму нејзиниот однос кон Бред. 

Како пренесува магазинот, поради актерот, таа е „persona non grata“ на холивудските манифестации на кои беше редовен гостин изминатите години, со што Холивуд сака да ја исправи неправдата која му ја нанела на поранешниот сопруг, а светски омилениот актер.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie__z) onJan 21, 2020 at 1:40pm PST

 

Колку и да навиваат сите сега за помирување помеѓу Бред и Анистон, факт е дека причините за разделбата не се еднострани, што и актерката во една пригода го прокоментира:

„Односите помеѓу луѓето се комплексни, како и партнерите кои постојано се развиваат, па нивните промени некогаш се судруваат“, изјави тогаш актерката, која никогаш никого јавно не обвини.

Колку сето ова е вистина и дали тоа е причината што Џоли ја нема да најважните настани во Холивуд, не можеме да знаеме со сигурност.

Додека медиумите ги коментираа Бред и Џен, се појавија фотографии од Џоли како се шета со децата, насмеана, но и никогаш послаба.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie_offiicial) onJan 11, 2020 at 4:30am PST

 Британските медиуми пренесоа информација дека актерката тежи едвај 45 килоргами. 

„За нејзиниот изглед е виновна кавгата околу старателството над децата. Стресот ѝ влијае на апетитот и ги губи килограмите. Таа живее само на овошје, малку протеини и големи количества кафе, за да може да ја одржи енергијата“, изјави за „Мирор“ извор близок на актерката.

И додека таа изгледа полошо од било кога, Анистон изгледа подобро од било кога.

А Пит е повторно во средината.

Дали тоа што јавноста толку навива да се смират Џенифер и Бред е потребата да верува во бајки, или препознавање на лични ситуации кои посакуваме така да се завршат, па ни треба „потврда“ дека е возможно? 

 

Објавено:
22 јануари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.340 пати
Тагови: 
Џоли Пит Холивуд