Холивудска стилистка открива: Џеј Ло не дозволува да ја гледате, а Џесика Алба ве тестира психолошки

11 август 2020

Популарноста на „Тик-ток“ платформата не стивнува. Ако сте од оние што ја следите, а притоа сакате да прочитате по некоја пикантерија од светскиот шоу-биз, тогаш овој текст несомнено ќе ви биде интересен за читање.

Под името „Тамаран“, некогашната стилистка на голем број холивудски ѕвезди, одлучи токму на оваа платформа да споделидели дел од нејзините искуства со некои од најпознатите личности во светот.

Тамаран

Инаку, Тамаран работела во Холивуд како стилистка девет години (од 2008 до 2017), доволно долго за да може да создаде впечаток за некому омилените пејачи и актери.

Според нејзиното искуство, најлоши личности за соработка се актерките Мариса Томеи, Џесика Алба, Кетрин Хајгл и Џенифер Лопез.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marisa Tomei (@marisatomei) onFeb 9, 2020 at 12:43pm PST

Како вели во видеото, Мариса Томеи е непристојна личност која обожава да доцни. Иако Тамаран се појавила во договореното време, 9.30 часот наутро, но актерката се разбудила дури во 12.30 часот, едвај ја поздравила стилистката и продолжила да си го јаде појадокот, не обрнувајќи внимание на Тамаран, која цело време била присутна. Да биде работата уште полоша, Томеи ги одбила повеќето од предлозите за изглед.

„Кога 2020 година би требала да биде личности, би била Кетрин Хајгел. На снимањата е исклучително тешка и секогаш лута“, вели стилистката за некогашната ѕвезда на серијата „Вовед во анатомија“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Katherine Heigl (@katherineheigl) onAug 5, 2019 at 7:49am PDT

Кога е Џесика Алба во прашање, дури и пријателите кна стилистката кои работеле со актерката на сет, ја опишувале како исклучително нељубезна, а истиот впечаток го имала и Тамаран.

„Обожува да го извалка фустанот со хумус, да игра психолошки игри со вас и се прави како да разговара со вас, иако всушност не го прави тоа“, вели стилистката.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) onApr 29, 2020 at 10:31pm PDT

За многу омилената Џенифер Лопез, за која можеби си мислите дека е „кул“ и „Jenny from the block“, нималку не е пријатна, според искуството на Тамаран.

Таа вели дека Џеј Ло им забранува на луѓето кои работат со неа воопшто да гледаат во нејзиниот правец. „Постои добра причина поради која Џенифер не може да задржи ниту една кројачка“, објаснува Тамаран и додава:

„Како и секаде и во Холивуд постојат различни личности. Некои селебрити ќе ви платат веднаш, на некои ќе им треба вечност за да ви платат, но има и такви што никогаш нема да ви платат затоа што сметаат дека нивното име е доволно големо и не треба да плаќаат“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onAug 2, 2020 at 7:22am PDT

 

Но, факт е дека не се сите лоши и разгалени. Тамаран вели дека постојат неколку познати личности кои ѝ останале во прекрасно сеќавање, а меѓу нив се и Џорџ Клуни и Кери Андервуд, за која ќе каже дека е „ најпрекрасната жена на светот“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Carrie Underwood (@carrieunderwood) onMay 23, 2020 at 9:30am PDT

„Андервуд ме гледаше во очи и ми заблагодари на се', вели Тамаран, додавајќи дека поеднакво била воодушевена и од соработката со актерката од „Modern Family“, Ариел Винтер, за која вели дека била многу фина, како и остатокот од нејзиното семејство. Селена Гомез пак ја издвои како најголем професионалец во индустријата.

@tambam81

Stories from the Stylist & Costume Hive##BiggestFan ##foryoupage ##foryou ##styling ##xyzbca ##hollywood ##celebrity ##letsfaceit ##ratethat ##theworst

original sound - tambam81

 Повеќе видеа има на нејзиниот профил на споменатата платформа.

Објавено:
11 август 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.657 пати