Хороскопскиот знак го одредува вашиот стил

26 февруари 2014

Хороскопскиот знак според многумина го одредува вашиот карактер, па според тоа влијае и на вашиот стил. Доколку не сте имале прилика да прочитате што ви предвивуваат ѕвездите кога станува збор за вашиот стил, сега е вистинското време за тоа.

Овен

Дамите родени во знакот на Овен имаат природно убаво лице, па им се советува вниманието да го посветат на фризурата што ќе ги нагласи цртите на лицето. На девојките од овој знак им се препорачува да одбираат црвени бои кога станува збор за облеката, но и за шминката и модните додатоци.

Бик

Советот за изгледот на дамите родени во знакот на Бик е дека секогаш треба да користат неутрални бои. Бе-Бе кремите и руменилото во боја на праска се совршен избор за вас. Со оглед на тоа што со овој знак владее Венера, планетата на убавината, благословени сте со совршена кожа која би требало максимално да ја чувате.

Близнаци

Близнаците обожуваат квалитетни парфеми, што всушност им е и најважно. Со оглед на тоа што за Близнаците се вели дека имаат двојна личност, стилот што во шминкањето ги карактеризира се светлите и темните нијанси. Инаку, дамите родени во овој знак се познати и по убавите раце и рамена па би требало почесто да ги истакнуваат.

Рак

Жените родени во знакот на Рак би требало да ја нагласат својата женственост со светкави лосиони за тело. Овие дами обично имаат прекрасни тела, што без оглед на градбата изгледаат совршено во секој фустан, а особено кога кожата им сјае.

Лав

Симболот на убавината што ги краси лавовите е нивната коса, па хороскопот ве советува посебно внимание да посветите на неа. Сетете се само дека Џенифер Лопез која е Лав во хороскоп, секогаш плени со својата убавина и сјајна коса.

Девица

Девиците тежнеат по природен изглед. Тоа е добро, но понекогаш им се случува да претераат со пудрата. Сепак, некогаш може малку да се опуштите и да го разбудите своето алтер его.

Вага

Вагите би требало што повеќе да ги истакнат очите со квалитетни сенки и маскари. Многу дами што се родени во овој знак изгледаат многу помлади од нивната реална возраст, поради што би требало дополнително да посветат внимание на нега на кожата.

Скорпија

Скорпиите секогаш заведуваат, а ги краси мистериозноста што би требало да ја нагласат со smokey eyes. Инаку, Скорпиите се познати и по убавото тело, па се советуваат редовно да се одржуваат во форма, поради што секогаш ќе им бидат привлечни на мажите.

Стрелец

Дамите родени во знакот на Стрелец можат апсолутно да го одберат било кој стил и задолжително да експериментираат. Силните бои кај облеката и шминкањето секогаш го нагласуваат нивниот слободен дух.

Јарец

Припадничките родени во знакот на Јарец ги краси необична харизма што им дозволува да си играат со разни стилови и техники. Сепак, општо е познато дека обожуваат добри чевли, па слободно одберете некои интересни во свежи бои за следната сезона.

Водолија

Жените родени во знакот Водолија тежнеат кон природниот изглед и иако не сакаат претерана шминка, тие сакаат да експериментираат кога е во прашање нивната појава. Немојте да се плашите да додадете малку боја на вашето прекрасно лице.

Риби

На Рибите им се советува да и се посветат на нивната креативна страна и да вклучат малку силни бои во својата шминка. Инаку, постои силна врска помеѓу Рибите и уредните нокти, поради што припадничките на овој знак покрај на шминката, многу внимание им посветуваат и на ноктите.

Објавено:
26 февруари 2014
Категорија: 
Сцена