Хрватска чекор поблиску до светските модни платформи

14 април 2014

Пролетното издание на модната недела во Хрватска, продолжи да ја расфрла ѕвездената прашина изминативе денови низ Студиото 2 во загребскиот Јадран филм. На првиот ден од Cro À Porter, свои претставувања имаа неколку дизајнери, меѓу кои како највпечатливи се издвоија модните изрази на Мануел Малигец и Арилео.

 

Арилео Арилео

 

Првиот дизајнер даде издржана модна дефиниција за тоа како треба да изгледа хрватската рок ѕвезда на модната сцена, а вториот пак трасираше нови патишта за тоа како треба да се облекуваат жените, за да изградат свој моден идентитет. Ревиите љубопитно ги проследија, Даниела Мартиновиќ, Јелена Розга други бројни познати личности од хрватската културна и шоу-бизнис сцена.

Вториот ден беше резервиран за поголема група на дизајнери, но како најзабележани ќе останат претставувањата на Татјана Пантош и Even East. Првите редови и на втората ноќ беа повторно резервирани за познатите, а меѓу толпата можеа да се забележат Жанамари Лалиќ, Петра и Лука Нижетиќ, Јосипа Лисац и други.

Even East Even East

Наредниот ден, видовме нови модни перспективи, изградени од неколку познати дизајнери, меѓу кои фокусот го задржаа Jet Lag кој промовираше урбан стил за мажи и Матија Вуица која раскажа невообичано магична модна бајка. Нашата актерка Јелена Јованова со својот партнер актерот Стјепан Периќ беа дел од гостите кои се најдоа во првите редови, но меѓу елитните посетители можевме да ги видиме и Северина, Маја Шупут, и Влатка Покос како и многу други хрватски ѕвезди.

Матија Вуица Матија Вуица

Фотобјективите забележаа навистина впечатливи аутфити благодарените на кои ѕвездите се истакнуваа од толпата. Хрватска и оваа година потврди дека чекор по чекор, им се приближува на светските модни платформи.

Најголемиот спектакл организаторите го чуваа за крај. Со волшебна модна ревија познатиот дизајнер Јурај Зигман имаше чест да го затвори годинешниот Cro À Porter на најубав можен начин.

Зигман ревија на Cro À Porter Зигман ревија на Cro À Porter

Модниот перформанс на Зигман беше вистински сценски спектакл полн со модна слобода и неоптеретеност. Звучните акорди на најпознатите R’n’B хитови дополнително ја загреаја атмосферата. Зигман и е познат на хрватската јавност, но и пошироко по тоа што никого не остава рамнодушен со своите модни шоуа и како дизајнер кој ужива во модата.

Зигман ревија на Cro À Porter Зигман ревија на Cro À Porter

„Модата за мене една голема игра, а после бројните ревии, на секоја нова која ја создавам пуштам нејзината енергија да ме одведе во светот на некоја моја скриена фантазија која е без ограничувања. Глобалниот проект Absolut transform today ми го овозможи токму тоа - трансформација на мојата лична естетика и чувство за мода. Како дел од овој проект си го приуштив тој луксуз да одлетам во светот каде се чувствувам комплетно свој“, изјави Зигман.

Зигман ревија на Cro À Porter Зигман ревија на Cro À Porter

Дизајнерот прикажа самоуверени и сензуални жени кои не се оптеретуваат со трендови и правила што модата ги диктира. Инспирацијата ја пронаоѓа во жената која живее во Париз и ужива во убавината на Art Nouveau (интернационален филозофско стилски уметнички правец што во себе опфаќа повеќе уметнички гранки како декоративна, графичка и архитектонска уметност) и жена која решава да избега од се и својата традиција да ја пренесе во тропските краишта и таму да доживее трансформација.

 

 

 

 

Објавено:
14 април 2014
Категорија: 
Сцена