И Џони Деп си отвори инстаграм профил

23 април 2020

Факт е дека никој не може да го сруши рекордот на Џенифер Анистон, на која ѝ успеа да ја блокира социјалната мрежа по отворањето на инстаграм профилот, но сигурни сме дека многумина се израдуваа и на информацијата дека и Џони Деп се приклучи кон оваа социјална мрежа.

Веќе го следат нешто помалку од четири милиони следбеници.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp) onApr 16, 2020 at 7:12am PDT

„Здраво на сите, ви снимам нешто во моментов, дајте ми само некоја минута“, беше неговата прва објава.

Е тоа што го снимаше е осуминутно обраќање до јавноста дека досега немал потреба да биде присутен на социјалните мрежи, сè до сега. Со оглед на тоа дека светот се бори со непознат непријател, актерот почувствувал дека е вистинско време да им се доближи на обожавателите, пријателите и познаниците токму преку овој начин на комуникација.

Целото видео погледнете го во продолжение.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp) onApr 16, 2020 at 11:05am PDT

 Според досегашните најави, на неговиот профил ќе може да уживаме во добра музика, но и супер ретро приказни преку неговите фотографии, каде површноста ќе биде заобиколена.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp) onApr 17, 2020 at 7:21am PDT

 

 

Објавено:
23 април 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
358 пати