И на 44 години изгледа феноменално!

3 декември 2014

Супермоделот Наоми Кемпбел ја разубави насловната страна на магазинот Evening Standard. За потребите на едиторијалот, манекенката позира во сексапилно издание, облечена во гламурозно боди, краток топ и капут со животински принт, парчиња со потпис од Живанши и Емилио Пучи.

Фотографиите се дело на Дејвид Роемер, а легендарниот модел уште еднаш докажа дека и на 44 години има феноменална телесна форма и изненадувачки совршена манекенска силуета, на која може да и позавидат и многу попмлади жени.

Преземено од Cromoda
Објавено:
3 декември 2014
Категорија: 
Сцена