Иги Азалеа ќе стане дизајнерка?
•
26 август 2014
На Австралиската раперка Аметист Амелиа Кели или попозната како Иги Азалеа се чини дека се и оди од рака. Пред некој ден ви го презентиравме нејзиниот уникатен начин на облекување и ви го најавивме дуетот со Рита Ора со која заедно настапија и на МТВ Видео музичките наградите. Русокосата пејачка не престанува да ги изненадува своите фанови, па пред медиумите токму за време на МТВ наградите кои се одржаа минатата недела ја откри големата вест дека ќе почне да ги освојува и дизајнерските кругови. Имено, станува збор за соработка со Стив Маден за неговата најнова колекција. Азалеа додаде дека официјално колекцијата на која ќе работи заедно Меден ќе и биде презентирана на јавноста во февруари 2015 година.