Инаугурациско шоу: Вечерните стајлинзи подобри од дневните, но не и блескави

21 јануари 2021

Поради ковид-пандемијата, инаугурацискиот бал беше откажан. Но, затоа беше организирано онлајн шоу, поточно концерт кој го водеше Том Хенкс, а на кое настапија познати ѕвезди помеѓу кои Џон Леџенд, Деми Ловато, Кети Пери...

Тоа за модните магазини ширум светот значеше и нови анализи за изборот на облека.

За разлика од дневните стајлинзи кои можеби поради боите носат свои симболики, но се досадни, вечерните беа поинтересни.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by EVOKE (@evokedotie)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Biden’s girls (@bidenssgirls)

Така, првата дама, Џил Бајден одбра бел коктел фустан со цветни апликации во горниот дел. Фустанот оди во комбинација со бел капут, кој пак во долниот дел е збогатен со истите апликации и навистина изгледа одлично. Креациите се со потпис на Габриела Хрст, уругвајска дизајнерка која сега е на чело со модниот бренд „Клое“, додека пак чевлите се со потпис на Сара Џесика Паркер.

Ваков коктел-фустан е нешто што Бајден преферира да носи и е навистина дел од нејзиниот секојдневен стил, а цветниот принт ѝ е еден од омилените, како што ќе изјави во една пригода.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @amberalert123blog

Од друга страна, Камала Харис ѝ остана доследна на едноставноста и минимализмот. И овој пат се работи за дводелен комплет - коктел фустан со светки + црн долг мантил со сатенски ревери од Серхио Хадсон.

Но, модното внимание секако го украде остатокот од семејството Бајден. Ќерката и внуките се оние кои ќе им донесат позитивни модни поени, иако со оглед на тоа дека политиката е длабоко навлезена и во модата, реална критика за нивните стајлинзи нема ни да добиеме.

Внуките Натали и Финеган Бајден носеа коктел фустани повторно од брендот „Маркириан“, додека пак, Мејси Бајден својот вечерен фустан го најде кај „Родарте“ и го искоминира со „Најк“ патики. Сите внесоа малку младешки и трендовски моден израз на манифестацијата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Check the Tag (@checkthetag)

Од друга страна, ќерката на Џил и Џо Бајден, Ешли, се одлучи за црно одело од Ралф Лорен, кое одлично ѝ стои.

Многу се зборуваше и за изгледот на Кети Пери, а мислењата се поделени. 

Таа се појави во бела креација на Том Браун. Здолништето е со прав крој, со црвени копчиња од страната, додека пак горниот дел е како пелерина со сини копчиња. Средишниот дел, кој веројатно имал за цел да ја истакне половината е оној што ја прави нејзината фигура не толку складна. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

 Орландо Блум беше горд на својата сопруга па ја поддржа јавно, а тоа го сторија и други познати личности:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)

Објавено:
21 јануари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.104 пати