Инспирација: Познатите во жолто

20 јуни 2019

Доколку следите модни трендови веќе знаете дека жолтата (особено интензивните, неонски нијанси)  е една од најтрендовските бои сезонава. Тоа го потврдува и изборот на познатите.

Последни што се одлучија токму за таков стајлинг се Ева Лонгорија и Меланија Трамп.

Првата дама го придружуваше својот сопруг на Флорида, каде тој ја објави својата втора кандидатура за претседател. Меланија се појави во интензивно жолт комбинезон кој одлично ѝ прилега, а кој е со потпис на модната куќа „Ралф Лорен“. Стајлингот го заокружи со чевли во истата боја и металик ремен.

Ева Лонгорија пак, се појави на телевизиско снимање во жолто одело, дизајн од „Каролина Ерера“. Во комбинација со бела маичка и сандали на ремчиња од „Прабал Гурунг“ таа изгледа тренди и свежо.

Доколку и вам ви се допаѓаат ваквите комбинации, но досега не сте имале храброст за тоа, во продолжение ви презентираме уште неколку предлози, за различни пригоди, кои веруваме ќе ве инспирираат:

Бела Хадид во Фенди

Бела Хадид во Gen Z и „Диор“

Блејк Лајвли во креација на Брендон Максвел

Гал Гадот во Естебан Кортасар

Џиџи Хадид во „Ралф Лорен“

Ким Кардашијан во „Версаче“

Рене Зелвигер во „Каролина Ерера“

Ријана

Селена Гомез во „Калвин Клајн“

Софија Ричи во Alice + Oliviа

Џиџи Хадид во „Прабал Гурунг“

 Џесика Бил

Објавено:
20 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
912 пати