Инспирација за ниски жени со облини - Стилот на Ева Лонгорија летово

1 август 2019

Актерката Ева Лонгорија отсекогаш важела за една од најдотераните жени. Стилот во бременоста беше инспирација за многу трудници, а откако после бременоста успеа да ја врати старата килажа, повторно со своите модни комбинации секогаш е пример за тоа како да се биде истовремено елегантен, женствен и модерен.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) onJul 16, 2019 at 4:22pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) onJul 22, 2019 at 11:15am PDT

Со оглед дека е висока 157 сантиметри, а има облини, идеална инспирација е за жените со слична градба. Ако подобро го анализирате нејзиниот стил ќе забележите дека најчесто носи креации со миди должина. Изборот на обувки најчесто се сандали со ремчиња или во боја слична со тенот, со што визуелно го издолжува телото. 

Долгите креации ги чува за ексклузивни пригоди, најчесто имаат шлиц од страната, а чест избор се и асиметричните креации, што подразбираат краток преден дел, додека задниот е долг.

Горниот дел од телото најчесто го истакнува со убаво деколте во срцевиден отвор или корсет, со што оддава впечаток на фигура како песочен часовник. 

Шминката секогаш е природна и не премногу нападна.

Во продолжение погледнете ги нејзините последни модни избори, на настани од кои беше дел во последните делови од јули, ќе видите точно за што ви зборуваме:

Во креација на брендот Samantha Rose на приватна забава во Мајами

 

Во креација на Памела Роланд на HollyRod's DesignCare Gala

 

Во креација на Витор Зебинато на премиерата на „Дора истражува“ во Лос Анџелес

 

Повторно креација на Витор Зербинато на Hollywood Foreign Press Association банкет

 

Во црна тоалета со шлиц на Global Gift Gala во Марбела

 

Во бела тесна креација на настан на Global Gift Foundation исто така во Марбела

 

фото извор: dailymail.com;

Објавено:
1 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.344 пати