Инспирирајте се за викенд: Уникатни комбинации на познатите за сечиј вкус!

31 октомври 2014

Изминатата недела ја одбележаа бројни ѕвездени настани на кои познатите се појавија блескајќи во полн сјај!

Последен настан во низата беше дневната забава по повод гала вечерата на БАФТА наградите, на која се појавија некои од најстилските дами на денешницата меѓу кои и Лили Колинс, Рејчел Зое и ѕвездата на Доктор Ху, Џена Колман која блесна во стајлинг на Бурбери.

Прекрасна во златно изминатата недела беше и секогаш шармантната Џенифер Лопез која за снимањето на епизода од „Американски Идол“ одбра рачно изработена блузичка на куси ракави во златни нијанси и тренди црни килоти во комбинација со црни високи потпетици.

Особено внимание изминатата недела нѝ привлече и раскошната црвенокоса Џесика Честен која за премиерата на нејзиниот нов филм Interstellar се појави во фамозна розова креација со светкава прерамка на едната страна.

Тотално тренди и урбана комбинација минатата недела имаше и шармантната Кира Најтли која за гостувањето во емисија на Би – Би – Си радио, одбра шик комбинација составена од кусо лежерно фустанче во крем варијанта што одлично го спои со рокерската кожена јакна, хит за оваа сезона.

Доколку пред вас е некој свечен настан на кој мора да блеснете во полн сјај, инспирација за вистинска елеганција нека ви биде младата Ванеса Хаџинс која се појави во фасцинантна светкава тоалета на премиерата на нејзиниот нов филм во Париз.

Во продолжение, погледнете ги најдобрите стајлинзи на познатите трендсетерки што можевме да ги видиме изминатата недела.

Објавено:
31 октомври 2014
Категорија: 
Сцена