Инстаграм блогерка воодушевува со инспиративни стајлинзи во боја

25 февруари 2023

На Инстаграм наидовме на уште една впечатлива дама со одличен сенс за мода. Станува збор за Луна де Казанова, која и самата порано била модел, што може да се забележи од нејзината самодоверба и опуштеност на фотографиите.

Во описот на својот профил вели дека сака да биде инспирација на жените со својот стил без да ја наметнува модата.

Од она што може да се забележи, нејзините комбинации се разиграни, разнобојни и вистински ја потенцираат женственоста.

Луна многу умешно ги комбинира боите, а не бега ни од впечатливите принтови. Секој стајлинг е приказна за себе што таа ја раскажува со широка насмевка.

 

Објавено:
25 февруари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.399 пати