Instyle Awards: Од софистицираност до еклектичност

22 октомври 2019

По петти пат вчера во Лос Анџелес се одржаа „InStyle Awards“. Тоа беше повод на едно место да се видат бројни познати актерки и лица од модниот свет.

Кога е модата во прашање, на црвениот килим можеа да се видат софистицирани креации, до еклектични, а некои дури и кич.

Џесика Алба блесна во тегет фустан со набори, со здолниште во А-форма, а го искомбинира со црно тенко ремче, црни салонки и интересна чанта со везени детали.

Оливија Мун пак, успеа да го сврти внимание во темносин фустан со долги ракави, шлиц и дискретни светки.

Меѓу софистицирано облечените беше и актерката Џулија Луис Дрејфус, која носеше сребрен коктел фустан, кој ја истакна нејзината фигура.

Џенифер Гарнер пак, се одлучи за одело во комбинација со бела кошула и високи потпетици - непогрешлив избор. 

Оливија Кулпо изгледаше прекрасно во бели тесни панталони и струкирано палто со руска крагна, додека пак Оливија Палермо беше шик дама во бело здолниште од тул, црно палто и високи кожени чизми.

Ни се допадна и изборот на Кони Брајтон и Ракел Зои.

Амбер Валета се појави во кожен фустан со длабоко деколте, а и не беше единствена. Вечерта кожена креација носеше и Џенуари Џонс.

Креацијата на Кирстен Данст беше премногу „шеќерна“, со карнери и во разлчни пастелни нијанси не беше најсреќен избор за неа.

 

Објавено:
22 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
553 пати