Излезе првиот трејлер за „Матрикс 4“

10 септември 2021

Со нетрпение се очекуваше првиот трејлер за четвртото продолжение на „Матрикс“ и обожавателите конечно можат да го видат.

Најавата започнува со разговор помеѓу Нео, чие име сега е Томас Андерсон и неговиот терапевт кој го глуми Нил Патрик Харис.

Андерсон има кошмари, поточно флешбек секвенци кои го тераат да помисли дека полудува. Една од поинтересните најавни сцени е онаа кога ќе се сретнат со Тринити (Кери Ен Мос), но нема да се препознаат иако имаат чувство дека веќе некаде се сретнале.

Трејлерот открива и дека Андерсон постојано зема сини пилули кои го држат во лажен свет, но кога ќе му се укаже прилика да ја одбере црвената пилула, нема да се двоуми.

И да не го прераскажуваме целосно, погледнете го во продолжение:

 

Инаку, „Matrix Rescurrections“ доаѓа дури 18 години после „Matrix Revolutions“, последното продолжение од филмскиот серијал. 

За разлика од оригиналната трилогија, која ја режираа и напишаа Лана и Лили Вачовски, новото продолжение го режира само Лана, а сценариото го напишала во соработка со двајца книжевници.

Освен веќе споменатите актери, во новото продолжение ќе ги видиме и Џејда Пинкет Смит, Лаберт Вилсон, Пријанка Чопра, Кристина Ричи, Даниел Бернард, Џесика Хенвик.

Премиерата е закажана за 22 декември.

 

Објавено:
10 септември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
689 пати