Изолациски предизвици во домот на Новак Ѓоковиќ

14 април 2020

Во домот на Новак Ѓоковиќ не е досадно за време на изолацијата. Тенисерот постојано споделува нови начини за тоа како да остане активен за овој период кога речиси сите сме дома.

Еден од нив се и разните предизвици, а последниот доаѓа од неговиот колега Енди Мареј. Британецот предизвика неколку негови колеги, да разменуваат тениско топче со своите сопруги, без тоа да падне. На Енди и неговата сопруга Ким тоа им успеало 100 пати, а како им одеше на Новак и Јелена погледнете во продолжение:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) onApr 10, 2020 at 6:32am PDT

 Покрај ова, познатата двојка упати и видео честитка за Велигден, за оние што го славеа на 12-ти април, со уште еден предизвик.

Тие овој пат ги предизвикаа вработените во фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ да ја направат вежбата со својот партнер, деца, родител... која ќе ја видите во продолжение, која едвај им успеа и на Јелена и Новак:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) onApr 12, 2020 at 12:00pm PDT

 

 

Објавено:
14 април 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
603 пати
Тагови: 
Новак Ѓоковиќ