Јелена Вељача: Секогаш го следев мајчинскиот инстинкт!

30 април 2018

Познатата хрватска актерка Јелена Вељача која ние имавме можност да ја запознаеме од сериите „Ljubav u zaledju“ и „Villa Maria“, денеска е сопруга и горда мајка на прекрасната две годишна Лена.

Фото: Jolie.hr

Доколку ја следите на Инстаграм, тогаш веројатно сте погледнале некоја од нејзините интересни фотографии заедно со објавите за мајчинството кои секогаш се толку вистинити.

Неодамна, во интервју за порталот Zena.hr, таа говореше за предизвиците со кои се соочила овие две години, за нејзиниот сопруг кој безрезервно ѝ помага во грижата за нивното дете и за тоа како успева да ги усогласи работните обврски и секогаш да изгледа супер. Што се однесува до мајчинството, ќе каже дека секогаш го следела својот инстинкт, без да слуша никој.

Фото: Buro 24/7

Во продолжение ви пренесуваме дел од интервјуто на Јелена за Zena.hr.

Кои се најголемите предизвици на мајчинството?

Недостаток на приватен простор, без разлика дали станува збор за работа или за нешто лично. Мајките често „се вадат“ на тоа дека не стигнуваат нешто заради детето. Многу двојки не го преживуваат тоа. Парадоксално, мајките се чувствуваат заробено, но не сакаат да ја предадат контролата. И јас имав панични напади прв пат кога излегов на вечера со девојките, а Дражен (сопругот) сам ја избања, ја нахрани и ја заспа. Или пак кога прв пат отидовме да возиме велосипед. Мора да имате доверба во луѓето околу себе.

Што би им препорачале на жените кои се обидуваат да постигнат сè?

Дека сè е можно, доколку сте великодушни кон себе. Понекогаш, можете да направите печени кобасици за ручек (моја верзија на брза храна, бидејќи не ја поднесувам), понекогаш нема да се видите со пријателите со недели, понекогаш ќе кажете „не“ на некој проект...

Како изгледа поделбата на домашните обврски во вашиот дом?

Дражен завршува повеќе од работите. Тој едноставно ужива во редот, во чистењето, а јас во уредувањето на просторот. Тој секој ден чисти со правосмукалка. Не може да заспие ако има валкани чинии, а јас би можела да спијам со нив (се смее).

Како го огдледувате вашето дете?

Многу спонтано. Лена сè уште спие со нас, ја доев 15 месеци, на сите можни места, секогаш кога ќе побараше. Престанавме да користиме пелени кога сама го побара тоа, не ја учев на ништо. Никогаш не викаме, веруваме дека сите деца се добри и дека сите треба да ги изразат своите емоции, во нивниот случај преку плачење.

Дали мајчинството е онакво какво што го замислувавте?

Да. Магично е!

Која е вашата рутина за опуштање?

Утринското кафе. Луда сум по кафе. Ручек со Дражен, само ние двајца. И патувања, многу патувања. Кога ќе видам друг град, ќе слушнам друг јазик, веднаш сум подобра психички. А мислам дека тоа е многу важно и за детето.

Опишете ни го вашето семејство во три збора?

Shiny happy people.

Извор: Zena.hr

Фото: Инстаграм

Објавено:
30 април 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.602 пати