Покрај бројните модни настани кои го одбележуваат секое лето, познатите девојки кои ја обожаваат модата наоѓаат време и за одмор, а сосема нормално ги одбираат најубавите дестинации.

Ања Рубик - Сен Тропе

Нивните Инстаграм профили се вистински празник за очи во топлите летни денови, а бројните стилистки, блогерки, уреднички и модели ова лето одбраа вистински егзотични дестинации.

Џована Батаља Сен Тропе

Голем дел од нив ги одбраа Италија и Грција како омилена дестинација за ова лето, но некои заминаа на уживање и во Мексико во прекрасното место Тулум.

Касиа Штрус - Тулум, Мексико

Францускиот Сен Тропе е секогаш омилен избор за стилските девојки, па така голем дел од познатите модели и актерки и оваа година не заборавија да го посетат овој рај.

Елеонора Кариси - Мароко

Грчките острови Миконос и Санторини се места каде тие секогаш се враќаат и со воодушевување зборуваат за истите, па така голем дел од познатите блогерки повторно одлучија да поминат неколку дена на овие фантастични места.

Никол Варн - Миконос

Без разлика која дестинација ќе ја одберат, нивните Инстаграм профили овие денови се вистинско место за уживање, а ние ви пренесуваме дел од фотографиите објавени на истите.

Објавено:
23 јули 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.779 пати