Каде живееле познатите пред и откако станале ѕвезди?

12 ноември 2020

Статусот на ѕвезда најчесто асоцира на луксузен животен стил што вклучува и луксузен дом, односно хациенди што не припаѓаат на стандардната живеачка.

Но, покрај се и познатите се луѓе кои пред да го постигнат статусот на ѕвезда, во најголем дел живееле во обични, а некои и во скромни услови.

Некогаш нивниот секојдневен живот бил сведен на неколку метри квадратни што ги делеле со своето семејство, како и повеќето од нас, додека денес благодарение на добрите животни околности и успешна кариера, нивниот дом е нешто за што повеќето од нас веројатно само сонуваат.

Американскиот рапер Еминем, на пример, пред да оствари светска слава живеел во скромна дрвена барака во соседство во Детроит каде претежно живееле луѓе од работничката класа.

Еминем

Ријана пак, детството го поминала во прилично мала куќа на Барбадос, заедно со нејзините родители и двајцата браќа.

Ријана

Мајкл Џексон пак, пред да сстане крал на поп музиката, живеел во Индијана, во скромна куќа со две спални соби што ги делеле членовите на неговото семејство.

Мајкл Џексон

Во продолжение погледнете ја споредбата што ја направи магазинот Bored Panda, каде живееле познатите пред и откако станале ѕвезди.

Аријана Гранде

Бијонсе

Џими Фелон

Џон Траволта

Арнолд Шварценегер

Селена Гомез

Леброн Џејмс

Зак Ефрон

 

Објавено:
12 ноември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.273 пати