Каја Гербер ги носи најстилските комбинации со палто оваа сезона

18 октомври 2019

Прекрасната 18 – годишна Каја Гербер во моментов е една од најуспешните и најбараните манекенки, па така често ја гледавме на модните недели што завршија неодамна.

Ќерката на Синди Крафорд дефинитивно ги наследи гените од нејзината мајка, па очекувано, неверојатно потсетува на неа и изгледа подеднакво добро.

Таа неодамна го прослави 18 – тиот роденден во уникатен фустан на Версаче што ѝ прилегаше фантастично, но во слободните моменти обожува лежерни комбинации со палта.

Фото: People

Токму палтата се нејзино омилено парче без разлика на пригодата, а истите секогаш ги комбинира и повеќе од успешно.

Магазинот Elle објави голем број на нејзини стајлинзи во кои вклучува палта и ако добро ги погледнете, ќе забележите дека таа ниту еднаш нема направено стилска грешка.

Без разлика дали се работи за роденден на нејзина пријателка, излегување во Њујорк или прошетка за време на модните недели, Каја изгледа одлично во палто.

На прво место ги става волуменозните, широки палта кои најчесто ги комбинира со едноставна, памучна маичка и џинс, но подеднакво добро изгледа и во целосен женски костим.

Најчесто, истите ги комбинира со нејзините омилени обувки – старките, но за свеченби пригоди одбира едноставни црни сандали на висока потпетица.

Погледнете неколку од најдобрите есенски изданија на Каја и инспирирајте се за претстојниот викенд.

Инфо и фото: People

Објавено:
18 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.033 пати