Каја Гербер носи шик одело совршено за посебни пригоди

10 април 2019

Манекенката Каја Гербер на свадбената церемонија на Марк Џејкобс што се одржа неодамна во Њујорк, се појави во шик издание што остави неизбежен впечаток.

Ќерката на Синди Крафорд беше стилизирана во дводелен костум во предимензиониран крој инспириран од R'N'B естетиката во 90-те, панталони со висок струк и сако во бакарна нијанса.

Комбинацијата е надополнета со едноставен црн топ и елегантни, отворени сандали, што ја компактно ја заокружуваат стилската целина.

Доколку периодов ви следува некоја посебна пригода, овој аутфит може да ви послужи како инспирација.

 

Објавено:
10 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
853 пати