Кајли Џенер ја раскина врската со раперот Тревис Скот

2 октомври 2019

По само две години врска, најмладата милијардерка во светот Кајли Џенер ја раскина врската со раперот и татко на нејзината едногодишна ќерка, Тревис Скот.

Двојката беше заедно од 2017 – тата, а минатата година ја добија ќерката Сторми, за која како што пишуваат американските медиуми, во моментов се договараат за старателство.

Последен пат тие беа видени заедно во август кога се појавија на премиерата на документарецот на Тревис, Travis Scoot: Look Mom I Can Fly.

Извор за американскиот магазин E!News вели дека тие не се разделиле официјално, туку само сакале да бидат одвоени некое време.

Засега, тие живееле во различни куќи, но остануваат во контакт за доброто на нивната ќерка. Шпрекулациите за нивната разделба почнаа кога Кајли се појави сама на свадбата на нејзината пријателка Хајли која пред неколку дена се венчаше со познатиот пејач Џастин Бибер.

Според информациите во медиумите, старателството врз нивната ќерка ќе биде заедничко, односно 50/50.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
2 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
695 пати