Кајли Миног предизвика внимание во мини кринолина

15 јануари 2021

Познатата пејачка Кајли Миног отсекогаш била меѓу подобро облечените личности на светската музичка сцена.

Овој пат го привлече вниманието објавувајќи фотографија во мошне интересна креација со потпис на брендот „Москино“.

 

Се работи за креација од кожа, која е комбинација на фустан и мантил. Но, она што ја прави впечатлива е здолништето кое е широко како кринолина, но е со должина до колена.

Горниот дел од фустанот е тесен и е спој на рок и класичен кралски стил.

Сепак, со ременот на половина и беретката и нејзината севкупна појава, буди асоцијација на 50-тите години од минатиот век.

Без разлика што веројатно се работи за сценски избор на облека, мора да се признае дека изгледа несекојдневно и интересно - што всушност е една од препознатливите нишки во естетскиот израз на Џереми Скот, односно „Москино“.

 

 

Објавено:
15 јануари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
418 пати
Тагови: 
Кајли Миног