Како артистите во САД мотивираат да се излезе на гласање за претседателските избори

6 октомври 2016

На некои од гласачите им е потребен дополнителен мотив да излезат и да гласаат за претстојните претседателски избори во Америка кои ќе се одржат на 8-ми ноември. Кампањата #VoteYourFuture или „Гласај за својата иднина“ има за цел да ги поттикне гласачите преку пораки кои содржат надеж за посветла иднина.

Кендал Џенер, Леонардо Ди Каприо , Зендаја, Ема Стоун, Семјуел Џексон, Кејт Хадсон, Ева Лонгорија, Џулија Робертс, Роберт де Ниро, се само дел од артистите кои во своите видеа одговараат на прашањето „За што се грижиш ти?“

Во нивните одговори тие се обраќаат лично кон аудиториумот со конкретен став.

Кејт Хадсон вели дека народот мора да знае зошто треба да се направат разлики ,тоа е потребно.

Леонардо Ди Каприо пак, не се откажува од ставот дека не ни е потребен лидер кој нема да се грижи за климатските промени.

Кендал Џенер вели дека младите во моментов се најголемата движечка сила.

Ева Лонгориjа се бори за економска моќ на жените особено оние со латинско-американско потекло.

Објавено:
6 октомври 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
294 пати
Извор: 
Elle