Како да имате половина како Софија Лорен

21 декември 2013

Софија Лорен, според возрасната граница е најстариот модел кој има позирано за Пирели календарот. Тогаш имаше 72 години, но и денес со своите 79 години, може да се пофали со совршено обликувано тело во облик на песочен часовник. Актерката секојдневно вежба, 45 минути прави стомачни вежби, потоа од 05.00 до 06.00 часот наутро редовно прави вежби за истегнување и пешачи по еден час секој ден.

Доколку и вие сакате не само да го задржите младиот дух во душата, туку тоа да биде видливо и на вашето тело, еве што треба да направите:

1. Правете странични стомачни вежби барем еден час

2. Правете женски склекови барем половина час

3. Пешачете или трчајте барем еден час, секој ден

Она што секако е најважно од се е правилното регулирање на исхраната. Секогаш внимавајте во изборот на производи, сетете се дека ви претстојат празници што имаат богати трпези со најразлични јадења, а вие секако не сакате да си ја уништите линијата.

Софија Лорен е пример за тоа дека жените и во поодмината возраст можат да изгледаат здраво, витко и секси.

Објавено:
21 декември 2013
Категорија: 
Сцена