Како изгледаа ѕвездите на забавите по „Златните глобуси“?

13 јануари 2014

По завршувањето на церемонијата на доделувањето на наградите „Златни глобуси“ ѕвездите се упатија на неколкуте ВИП after party организирани на неколку различни локации.

Џејми Кинг и Тејлор Свифт Џејми Кинг и Тејлор Свифт

Како што беше случај и на црвениот килим на „Златните глобуси“, ѕвездите блеснаа во беспрекорни комбинации и на забавите организирани од големите спонзори и соработници.

Ѕвездата на вечерта, Леонардо ди Каприо изгледаше неверојатно елегантно како на самото доделување на наградите, така и на забавата на Weinstein Company & Netflix, каде не можеше да се оддели од својот „трофеј“.

Леонардо ди Каприо Леонардо ди Каприо

Се чини дека најголемо внимание на забавите предизвика прекрасната Тејлор Свифт која се појави во сосема различно издание од она на доделувањето на истата забава на која присуствуваше и Ди Каприо.

Таа изгледаше одлично во кусиот, црн плетен фустан од Џулиен Мекдоналд, накит од Лорејн Шварц и чифт чевли од Џими Чу. Заедно со своите пријателки меѓу кои и прекрасната Џејми Кинг и режисерката Софија Копола, таа беше ултра расположена во текот на целата вечер.

Изненадувањето на вечерта дефинитивно беше Лејди Гага која ја видовме во можеби најдоброто издание досега (не сметајќи го она од кампањата на Версаче). Таа се појави на забавата организирана од телевизиската мрежа NBC во придружба на нејзиното момче Тејлор Кини. На истата забава присуствуваа и добитниците Метју Меконахи и Џаред Лето кои изгледаа неверојатно гламурозно и елегантно како и секогаш.

Метју Меконахи и Камила Алвес Метју Меконахи и Камила Алвес

Голем впечаток со тренди фустаните на забавите оставија и младата и неверојатно елегантна Ванеса Хаџинс која се појави во прекрасен долг фустан во беж боја за која може да се каже дека преовладуваше на забавите.

Ванеса Хаџинс Ванеса Хаџинс

Во продолжение, погледнете некои од највпечатливите стајлинзи што ѕвездите ги одбраа за забавите по доделувањето на „Златните глобуси“.

Објавено:
13 јануари 2014
Категорија: 
Сцена