Како изгледаат вистинските барбики?

10 декември 2014

Барби манијата дефинитивно го освои модниот свет! Откако Долче и Габана и Москино ги претставија своите барбики на модните писти, француското издание на Вог, реши да лансира едиторијал со интересна тематика.

Во новиот број на магазинот, читателите ќе имаат можност да го разгледаат несекојдневниот едиторијал на вкупно 11 страни. Главна тема се барбиките, а за сликањето беа ангажирани манекенките Магдалена Фраковјак и Елизабет Ерм, кои изгледаат како вистински кукли. Секоја од единаесетте кутии е посветена на одредена модна куќа, а за стајлинзите се користеа парчиња и модни додатоци од Москино, Шанел, Валентино, Ралф Лорен, Луј Витон, Гучи, Сен Лоран, Емпорио Армани, Фенди, Диор и Долче и Габана. Фотографиите ги потпишува креативниот Џампаоло Сгура,а  во продолжение погледнете како изгледаат вистинските барбики.

Преземено од Fashion.hr
Објавено:
10 декември 2014
Категорија: 
Сцена