Како се дотеруваат познатите за летни свечености?

29 јули 2022

Што носат познатите на свадбени летни свечености? Одговорот на ова прашање може да ви даде идеја како да се дотерате доколку добивте покана како гости на свадба ова лето.

Во голем дел од примерите што ќе ви ги посочиме во продолжение, стилот на познатите на приватна свеченост е воочливо поразличен од она што тие го носат на гламурозниот црвен килим.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nicky Rothschild (@nickyhilton)

Иако има и исклучоци, сепак комбинациите што ги бираат како гости на летна свадба се отмени, но посведени во споредба со тоа што ни го презентираат како мода на црвената патека.

Се разбира, во изборот на свечена облека голем удел има и тоа дали има пропишано дрес-код или не, а најголемата улога сепак ја игра личниот стил.

Па затоа тука ќе видите изобилство на различна естетика.

Од елегантни и женствени макси тоалети, преку безвременски мини црни фустани, до неочекуван избор на женски смокинг со по некој екстравагантен детаљ.

Винтиџ естетиката се забележува често, пренесена преку романтичните флорални принтови, впечатливите карнери или тантела.

Не недостасуваат ниту светки, луксузни тоалети и комбинации во интензивни бои.

Фото: Vogue, Инстаграм, Brides

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kitty Spencer (@kitty.spencer)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Iris (@irisvanberne)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Just Jared (@justjared)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Објавено:
29 јули 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
938 пати