Како се облекуваат познатите кога се гости на венчавки?

14 април 2022

Актуелна тема во шоу бизнисот деновиве беше свадбата на Никола Пелц и Бруклин Бекам. На истата присуствуваа елитни гости, поголем дел од нив јавни личности.

Дел од дамите, сосема очекувано, за ова луксузно случување одбраа креација од брендот на Викторија Бекам.

Покрај самата Викторија, особено внимание привлече Ева Лонгорија која носеше елегантен макси, црн фустан со впечатливо деколте од актуелната колекција на Бекам.

Тоа не инспирираше да разгледаме како всушност познатите дами преферираат да се облечат за ваков тип на свеченост, со оглед на тоа дека сега е сезона на свадби.

Во нашата селекција можеби ќе пронајдете модел што ќе ве инспирира како и вие да се дотерате доколку периодов сте гости на некоја ваква свеченост.

Најголем дел од изборот се однесува на впечатливи макси фустани, во едноставен крој, но има и такви кои преферираат да излезат од модниот „шаблон" па бираат одело, сетови со мини здолништа или пак екстравагантни парчиња.

Објавено:
14 април 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.790 пати