Како се забавуваа Викторија Бекам и Ева Лонгорија во Кан?

16 мај 2016

Се чини поранешната Спајс девојка беше една од оние кои најдобро се забавуваа на филмскиот фестивал во Кан.

Во друштво на нејзината најдобра пријателка Ева Лонгорија, Викторија Бекам уживаше во сончевите денови на француската ривиера.

Таа постојано ги известуваше нејзините обожаватели за тоа што се случува во прекрасниот Кан преку фотографии кои ги објавуваше на Инстаграм профилот.

Најголемо внимание предизвика онаа од нејзината хотелска соба на која можеме да ги видиме двете дами во лежерно издание.

Како и неодамна, дизајнерката повторно нѐ потсети на нејзината добра форма и часовите по балет со оваа поза на креветот од нејзината соба во Кан.

Во беспрекорни стајлинзи како и секогаш, дизајнерката беше дел од бројни забави и премиерата на новиот филм на Вуди Ален Cafѐ Society, но презентираше и дел од нејзината нова козметичка линија во соработка со Estѐe Lauder.

Погледнете како се забавуваа двете најдобри пријателки во прекрасниот Кан.

 

Објавено:
16 мај 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.594 пати