Како ви се допаѓа новиот имиџ на Суки Ватерхаус?

2 октомври 2014

Една од најпопуларните британски манекенки која беше дел од ревијата на „Burberry Prorsum“ одлучи својата платинеста боја на коса да ја замени со потемна нијанса, а што за оваа промена мисли нејзиното момче Бредли Купер, се уште не знаеме.

Благодарение на убаво негуваната руса коса и впечатливи веѓи, Суки стана еден од најпрепознатливите манекенки на денешницата, а со новиот имиџ за прв пат беше видена пред два дена на концертот на Лорин Хил, каде присуствуваше заедно со нејзината пријателка и колешка, Кара Делевињ.

Наскоро ќе дознаеме дали промената на бојата на косата е за новата улога во филмот „Divergent“ или се работи само за промена на стилот.

Објавено:
2 октомври 2014
Категорија: 
Сцена