Карина Ксавијер тинејџерка од Бразил, која моментално се бори против рак на костите, минатата недела имаше специјална посета. Оваа 15 годишна девојка има свој блог за шминка, а неколку години снима туторијали. Специјалната посета во нејзиниот дом беше од манекенката Жизел Бундшен. Двете размениле неколку шминкерски совети и имале неформално дружење, а Карина добила прилика да ја нашминка најплатената манекенка во светот.
- Од моментот кога ме изненади па се до моментот кога си отиде бев потполно во шок. Ти си прекрасна личност која секогаш ќе ме инспирира, напиша девојчето под своите фотографии на Инстаграм.
Воодушевувањето не го криела ни Жизел која пак напишала:
Ти си воин, инспирација и сила. Се молам за тебе, ти праќам љубов и светло засекогаш!